Над 60 светски државници ќе се простат со поранешниот јужноафрикански претседател и големиот миротворец Нелсон Мандела, јавува БиБиСи.Свое доаѓање во ЈАР каде ќе се одржи комеморативен собир најавија меѓу другите и американскиот претседател Барак Обама, францускиот претсдетаел Франсоа Оланд, како и британскиот премиер Дејвид Камерон.
Комеморативната седница ќе се оддржи на стадионот во населбата Совето во Јоханесбург, а следниот осум дена од Мандела ќе се простат светските политичари и „обичниот народ“ низ комеморативни случувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


