| четврток, 6 декември 2018 |

Москва: Годинава 3500 осудени за корупција

moscow-st-peters-squareВо последните пет години во Русија се откриени 242 илјади корупциски кривични дела , а во 2013 година за ова се осудени 3500 луѓе , изјави специјалниот претставник на претседателот на Руската Федерација за прашањата на меѓународната соработка во борбата против тероризмот и транснационалниот организиран криминал, Александар Змеевски .

9-ти декември се одбележува како Меѓународниот ден на борбата против корупцијата . Русија ја потпиша Конвенцијата на ОН против корупцијата во 2003 година и ја ратификуваше во 2006 година.

-За Русија, искоренувањето на ова зло е еден од главните приоритети на државната политика , залог за нејзиниот успешен развој- изјави Змеевски.

Специјалниот претставник потсети дека во земјата е создадена сериозна законодавна база за целта , пред се федералниот закон  „за справување на корупцијата”. Од 25 декември 2008 година воспоставен е и широк круг функционери обврзани да поднесат извештаи за приходите и имотот .

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top