| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов: Да продолжиме да го негуваме православието кое се темели на љубовта

pretsedatel-ivanov-2

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов упати честитка со најискрени желби за благосостојба и за мирен духовен живот по повод големиот празник Свети Климент Охридски. Во честитката тој нагласува:

Овој голем светител е закрилник и патрон на македонскиот народ низ целата негова историја. Свети Климент Охридски е основоположник на Охридската книжевна школа, а како творец на кирилското писмо ги постави темелите на христијанството и на македонската писменост. Денешниот празник нè потсетува дека треба да продолжиме да ги негуваме неговата благородна мисија и традицијата на промовирање на православието кое се темели на љубовта, мирот, меѓусебното почитување, толеранцијата и солидарноста. Одбележувајќи го Денот на свети Климент Охридски ги славиме писмото и пишаниот збор кои се од големо значење за македонскиот народ и за македонската држава, бидејќи со Климентовата просветителска мисија се продолжи делото на светите браќа Кирил и Методиј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top