| четврток, 6 декември 2018 |

Фото: Двајца Срби се обиделе да изнесат 70.000 долари од Македонија

dolari palto (2)

Двајца српски државјани ги наполниле џебовите со американски долари и се обиделе да ги изнесат од Македонија кај граничниот премин „Табановце“.

Денес, околу 11.30 часот, на излез од Република Македонија на граничниот премин „Табановце“ за царинска контрола се пријави патничко моторно возило марка „хонда“, со српски регистарски ознаки управувано од лице со иницијали М.З., српски државјанин.

dolari palto (1)

Како сопатник во возилото со него патувало уште едно лице, исто така српски државјанин, со иницијали П.Ј. На прашање на царинскиот службеник дали имаат нешто за пријавување за царинска контрола или девизни средства наведените лица одговориле негативно. Поради сомневање во нивната изјава, возилото е селектирано за детална контрола. При прегледот на двајцата патници, во надворешните џебови од јакната на лицето М.З. и внатрешните и надворешните џебови од јакната на лицето П. Ј., пронајдени се непријавени девизни средства, и тоа кај лицето кое управувало со возилото М. З. пронајдени се 40.000 американски долари, а кај сопатникот П.Ј 52.200 американски долари и 3.825 евра, за кои не поседувале никаков документ како доказ за потекло.

dolari palto (3)

Во согласност со Законот за девизно работење, и на двете лица им се вратени девизи во противвредност од по 10 илјади евра, а привремено се задржани вкупно 70.300 американски долари.

Поради тоа што наведените лица се обиделе неовластено и непријавено да изнесат парични средства од царинското подрачје на Република Македонија, со што сториле девизен прекршок, Царинската управа поднесе прекршочна пријава за утврдување на нивната одоговорност.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top