| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата спречи тепачка меѓу „Сити бојс“ и „Сити парк бојс“

rabotnicki-mzt10

Едниците на МВР спречиле голема тепачка меѓу навивачките групи на кошаркарските клубови Работнички и Вардар. Уапсен е еден навивач, а пријави се поднесени и против одговорни лица во Работнички.

Полицијата соопшти дека вчера во салата во Градски парк се одигра кошаркарски натпревар меѓу екипите на КК Работнички и КК Вардар, при што за време на одигрување на натпреварот и за време на полувремето од страна на неколку навивачи од навивачката група „Сити бојс“ е влезено на теренот и истите се обиделе да предизвикаат инцидент со провокации према навивачите на навивачката група „Сити парк бојс“. Притоа, од страна на УПС веднаш е интервенирано и ситуацијата е ставена под контрола. Истиот ден, во 19 часот, во ПС-ОН Центар е приведен Б.И.(19) од Скопје поради насилно и недостојно однесување на истиот спортски натпревар. Во врска со настанот, издадени се и четири платни налози и тоа на КК Работнички, одговорното лице Ѓ.А., Б.И.(19) и И.П.(29), за сторени прекршоци по Законот за спречување насилство и недостојно однесување на спортски натпревар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top