| четврток, 6 декември 2018 |

Земјотрес и цунами на Соломонските Острови – пет загинати

solomonski cunami

Најмалку пет лица загинаа во цунами предизвикано од земјотресот со интензитет од осум степени според Рихтер, кој доцна синоќа ги погоди Соломонските Острови.

Сите загинати се од островот Санта Круз, кој е најтешко погоден од брановите високи еден метар. Разурнати се три села, во кои живееле околу 700 лица. Можно е бројот на жртвите да се зголеми.
Потресот бил со епицентар на 580 километри од Хониара, главниот град на Соломонските Острови, и на околу 60 километри од градот Лата, на истоимениот остров, кој е дел од архипелагот Санта Круз.
Веднаш по силниот земјотрес следел вторичен потрес со интензитет од 6,4, а потоа и уште еден од 6,3 степени. Пред неколку дена во овој реон беше регистриран потрес со интензитет од 6,7 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top