| четврток, 6 декември 2018 |

Четири месеци затвор за крадење струја

 

218184_struja06-foto-beta_f

Донесена уште една пресуда поради крадење на струја. Осуден е педесетиедно годишниот Б.М. од скопје. Според Основниот суд Скопје 1 тој е виновен за кражба на струја, поради што, согласно кривичниот законик заработи затворска казна во траење од 4 месеци. Во периодот од март до септември 2011 година, тој отстранил еден напонски мост од трифазното електрично броило поради што потрошенатана струја неправилно се регистрирала, а целта му била да избегне плаќањето на истата. Со тоа направил кривично дело кражба на електрична енергија.

Ове е веќе четврта изречена затворска казна за кражба на струја оваа година, пресудена според стариот кривичен законик каде максималната затворска казна изнесува до три години. Измените во Кривичниот законик кои стапија на сила годинава се многу построги и тие за кражба на струја, парно и природен гас предвидуваат затворска казна до 5 години.

Во ноември на затворска казна од една година беше осудена Р.П. (54 години) од Скопје, управител на неколку друштва за внатрешна и надворешна трговија за манипулација на броилото кое по манипулацијата потрошената електрична енергија не ja регистрирало соодветно, со што осудената се здобила со одредена материјална корист. Предходно беа изречени уште две затворски казни за кражби на струја во траење од шест месеци и една на едногодишна, сите во Скопје. Со овие одлуки сe зголемува генералната превенција на ваквиот вид криминал. Кражбите на струја најмногу во зимскиот период влијаат на функциниорањето на дистрибутивниот систем и предизвикуваат опасност за човечките животи и околината бидејќи тие најчесто се пропратени со пожари во кои страда инсталацијата и броилата но и цели објекти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top