| четврток, 6 декември 2018 |

Епилог на еден стар случај: Гинекологот Арсов не е виновен за смртта на родилката Бојанка Игнова

doktori

Велешкиот гинеколог Панче Арсов не е виновен за смртта на родилката Бојанка Игнова. Ова го констатирале тим лекари на Медицинскиот факултет во Љубљана. Македонската Лекарска комора барала, а Словенците изработиле експртиза за случајот користејќи ја целата медицинска документација, вели Арсов за телевизија „Телма“.

Во експертизата напишале дека докторот постапувал совесно и нема пропусти, а ги почитувал и сите лекарски правила, но дека болницата во критичниот момент немала, а морала да има анестезиолог, па за тоа лекарот не можел да почне операција. Во установата немало ниту терапија за запирање на крвавењето, од што и почина родилката.

По седум години судење, Арсов одлежа една година во затвор иако тврдеше дека е невин, сторил сѐ што можел за да ја спаси родилката, а се жалеше и на постапката што ја водеа судските институции, од Основниот до Врховниот суд. Со најновиот документ од Лекарската комора тој бара велешкиот суд да го обнови процесот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top