| четврток, 6 декември 2018 |

НБА претстава во Минхен, Баерн – Олимпијакос 103-105

Вистински раритет во Евролигата се случи синоќа во Минхен на натпреварот меѓу Баерн и Олимпјакос, откако и двете екипи постигнаа над 100 поени. Во НБА стил, ефикасно, со многу ефектни поени и атракции, победата му припадна на актуелниот европски првак Олимпјакос со 105-103.

Хајко Шафарцик се обиде да му донесе победа на Баерн, но неговиот удар за три поени со звукот на сирената заврши во обрачот. Двете екипи беа мошне ефикасни во шутот за три поени и постигнаа заедно 29 тројки од 61 обид. Стратос Перпероглу со рекордни во кариерата 25 поени го предводеше Олимпјакос до победа. Василис Спанулис потигна поен помалку, а кај Баерн најефикасни беа Делани со 22 поени и Шафарцик со 21 поен.

Олимпијакос заедно со Реал Мадрид кој победи нагостувањето против Армани Милано со 78-71, се единствените непоразени екипи во фазата по групи.

Резултати: Баерн – Олимпијакос 103-105, Армани Милано – Реал 71-78, Партизан – Будевељник 76-61, Сиена – Зјелона Гора 60-59, Макаби – Локомотив Кубан 75-73, Стразбур – Жалгирис 77-76, Галатасарај – Уникаха 78-70.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top