Македонските познати модни креатори, стилисти и модни уредници денеска ја отворија празничната сезона. На несекојдневната изложба на дизајнерски декорирани елки во трговскиот центар „Скопје Сити Мол“ , креативноста и имагинација немаа граници.
Новогодишни елки украсија Олгица Ѓоргиева, Јована Филиповиќ, Елена Лука, Роберт Ивановски, Маја Кикириткова, Елена Спасовска, потоа „Мика дизајн“ на Катерина Микрут, тимот на порталот за мода „Сталјист“ „Ле бренд“, Ирина Тошева, тимот на „Стајлфајлс“, „ЕВЕЕ“ на Ивана Цветковска, Стефанија Насеска, Милена Танаскоска моден новинар во списанието „Јуник“ Небојша Толески моден дизајнер и моден новинар во Теа Модерна и тимот на Моден викенд Скопје.
Оние кои беа присутни во приземјето во трговскиот центар „Скопје Сити Мол“ имаа можност да го проследат севкупниот и процес на декорирање на уникатни новогодишни елки, а подоцна и на претставувањето. Секој дизајнер пак, имаше и свои корисни совети како сами да направите една поинаква новогодишна елка.
„Дизајнерска магија на новогодишни елки“ ќе трае цел декември во „Скопје Сити Мол“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.