Министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми и неговиот заменик Стево Темелковски, денеска имаа средба со шефот на делегацијата на ЕУ Аиво Орав и француската амбасадорка Лоренс Оер.
На средбата се разгледуваа можности за подобро искористување на европските предпристапни фондови, како и можноста за обезбедување на поддршка од страна на Франција. Како што се наведува во соопштението, двете страни како особена корисна ја идентификуваа подршката при подготовка на документите со кои ќе се овозможи побрз и поквалитетен пристап до ИПА фгондовите со цел остварување на приоритетите на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


