| четврток, 6 декември 2018 |

Ели Голдинг: Со години мислев дека сум грда

Младата пејачка Ели Голдинг во интервју за магазинот „Космополитен“ призна дека таа некое време имала проблем бидејќи сметала дека има повеќе килограми.

– Бев многу несигурна во себе. Верував дека имам повеќе килограми, потоа дека имам голем нос и си го мразев моето тело – призна пејачката.

Сега веќе не размислувам за тоа. Имам чувство дека се менувам само поради мене, а не поради другите бидејќи само самите можеме да се промените, додаде таа.

Ели, исто така, зборуваше и за нејзините проблеми со анксиозноста, за која вели дека толку е изразена што мислела дека ќе умре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top