Денеска завршува гласањето за најдобрите македонски веб-сајтови за 2013 година. Сите што сакаат да учествуваат во изборот може да гласаат на овој линк.
Mанифестацијата, која се одржува по четврти пат во организација на „Медија солушн“ и системот за онлајн-реклами keepaneye.mk, а под покровителство на Град Скопје и ИАБ Македонија, ги избира најдобар веб-сајт во повеќе категории.
Целта на манифестацијата е да придонесе кон развојот на веб-сајтовите во Македонија и да ги промовира, развива и поддржува интернетските медиуми, интернет-маркетингот и вкупното интернет-издаваштво во Македонија. Воедно, главна цел на манифестацијата е и да додели сертификати и признанија на луѓето што работат на развојот на веб-медиумите во Македонија.
Најдобриот веб-сајт за 2013 година ќе се прогласи на 10.12.2013 година во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.