| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски: Грција бега од одговорност

Nikola-poposki-3

Никола Попоски

Никола Попоски, македонскиот министер за надворешни работи, смета дека Грција бега од одговорност, префрлувајќи ја топката кај останатите земји-членки.

– Сметам дека не е првпат да се има тенденција од страна на нашиот јужен сосед да се префрла топката од едно класично попречување и прекршување на меѓународно-правната рамка што е воспоставена со Привремената спогодба на ниво на целата алијанса. Тоа е бегање од одговорноста, префрлајќи ја топката кај останатите земји-членки. По пресудата на Меѓународниот суд на правдата, многу е јасно лоцирана причината за таквото однесување и тоа е единствениот релевантен и независен извор за тоа каде треба да се изнајде решението. Меѓународниот суд на правдата јасно кажа колку конструктивен и проактивен однос има од страна на учесничките во тој билатерален наметнат спор. Најзначајно е дека никаде во критериумите за зачленување во НАТО не е споменато дека треба да го промените името за да бидете дел од алијансата. Тоа е релевантен критериум – изјави Попоски.

Според Попоски, она што е значајно за Македонија во моментов е да работи заедно со Грција бидејќи таа е еден од клучни партнери на патот на постигнување на решение и за билатерални прашања, но и за соработката во контекст на регионот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top