Кениецот Катана Кицао Гона е прогласен за виновен за сексуално злоупотребување на коза. Откако во судницата се соочи со жртвата тој беше осуден на десет години затвор.
Тој минатата недела признал дека сексуално злоупотребил животно во градот Малинди. Како што пишува магазинот „Стар“ тој бил фатен на лице место од сопственикот. Гона наводно бил гол и се изживувал над животното.
Кениецот во судот изјави дека неговата сопруга е хендикепирана и дека зависела од него, но тоа не го спречу судијата да му одреди десет годишна казна затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.