Истражувањето на glamur.com, покажало дека 72% од жените жалат за некој со кого имале врска во 20-тите години, а 77% имаат грижа на совест поради секс за една ноќ.
Во анкетата учествувале 3600 читателки. Дел од жените, оносно 30% се срамат дека се спиела со непознат во пијана состојба, а 54 проценти признале дека имале секс без кондом. Над половна од нив, поточно 61% направиле абортус. Само 18 отсто од нив изјавиле дека можеле да имаат повеќе секс во 20-те години, отколку што имале. Околу 28% од Британките чувствуваат грижа дека останале во „удобна” врска.
Во однос на кариерата 45% изјавиле дека ја нашле својата сакана работа во 20-тите години, а 44% признаваат дека морале да решат што сакаат да прават во животот. Над 55% жалат што немале повеќе самодоверба на работното место, а 28 отсто сметаат дека требало да зборуваат отворено за зголемување на платата.
Што се однесува до финансиите, 61% изјавиле дека трошат повеќе отколку што заработуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.