| четврток, 6 декември 2018 |

Бојкотот е штетен

Опозицијата дополнително го отежнува патот кон ЕУ и им дава алиби на противниците, оценуваат европратениците.

Бојкотот на работата на Парламентот од опозицијата дополнително ќе го отежне патот на Македонија кон ЕУ и ќе им даде можност на противниците да го искористат тоа против неа, посочува словенечкиот европратеник Милан Звер.

„Последните политички настани во Македонија предизвикуваат загриженост за сите нас кои ве поддржуваме на вашиот многу тежок пат кон европска интеграција. Во демократско општество како вашето секој вид опструкции на работата на националното Собрание е контрапродуктивно и многу штетно за напредокот како и за имиџот на вашата земја. Вашите противници нема да штедат ни напори ни време за да ја искористат ситуацијата и уште повеќе да го отежнат вашиот напредок кон ЕУ“, вели европратеникот Звер за Македонската информативна агенција.

Тој ги повикува на смирување на состојбата, политичка зрелост и обид да се решат проблемите на мирен, демократски начин и политички дијалог.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top