Сообраќајната полиција во последните неколку денови врши интензивни контроли на учесниците во сообраќајот по улиците во главниот град. Само во текот на вчерашниот ден од сообраќај се исклучени девет неисправни возила, а се санкционирани 10 возачи, кои ги управувале возилата по истекот на важноста на сообраќајната дозвола.
Во изминатите 24 часа се преземени 30 мерки за возачи, од нив за осуммина што ги управувале возилата без возачка дозвола, за 10 возачи што не го користеле безбедносниот појас и за 12 возачи што го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилата.
Преземени се мерки и за седуммина возачи што не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, за 18 возачи што непрописно ги паркирале своите возила на автобуските станици и на пешачките премини во зона на крстосница.
Со специјалното возило „пајак“ се отстранети 79 возила што биле непрописно паркирани и го спречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Сообраќајната полиција денеска ќе презема мерки по прекршокот, кој најчесто го чинат возачите како неотстапување првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, а, исто така, ќе се преземаат и мерки по прекршоците што ги чинат пешаците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.