Министерот за надворешни работни Никола Попоски утре во Брисел ќе се сретне со еврокомесарот за проширување Штефан Филе, објави еВести.
Предвидено е на тет а тет средбата да се отворат актуелните прашања, какво е расположението на земјите членки на Европската Унија во однос на прашањето за Македонија, неколку дена пред декемврискиот самит. Се очекува да се разговара за претпристапната програма и идните планови за македонскиот евроинтеграциски пат.
Освен со Филе, Поповски треба да има средба со европратеници, меѓу кои потврдена е средба со германскиот пратеник Елмар Брок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


