Полицијата во Исланд првпат во историјата беше принудена да пука во човек кој подоцна им подлегна на повредите.
– Случајот е без преседан во Исланд – изјави Харалдур Јохансен, директор на националната полиција.
Исланд има население од 322 илјади луѓе. Нивото на криминал е најниско во светот и полицајците ретко носат оружје.
Убиениот маж имал околу 60 години. Почнал без причина да пука кон луѓе од ловечка пушка утрово од својот стан во Рејкјавик каде што живеел сам. Полицијата се обидела да воспостави контакт со човекот, но без успех. Како резултат на тоа, упаднале во станот и тој бил погоден при оружена пресметка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре