| четврток, 6 декември 2018 |

Лихвари позајмиле 27.000, а наплатиле камата од 9.900 евра

pari-cekmedze-janevska-ilievareg5ryh45y54yh45y45

Двајца кумановски лихвари се уапсени. Биле фатени откако ги пријавил должник кој не можел да ја плати неподносливо високата камата.

СВР Куманово поднесе кривична пријава за К.В.(46) и Ф.В.(27), двајцата од Куманово, за сторено кривично дело лихварство. Пријавените, искористувајќи ја тешката имотна состојба на лице од Куманово, во повеќе наврати во текот на 2010 година ѝ дале на заем вкупно 27.750 евра пресметувајќи ѝ месечна камата од 10%, по што заклучно со јули 2013 година се стекнале со несразмерна имотна корист од 9.874 евра на име на камата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top