Шведска одлучи да стави катанец на четири затвори и една притворска единица поради тоа што има премногу затвореници и премалку осуденици.
Причина за ваквата одлука не е недостаток од криминал. Всушност, степенот на криминал во Шведска е во благ пораст. Поентата се крие во државната политика на рехабилитација на криминалците, а не нивно затворање. Затворската популација во оваа скандинавска земја само за една година опадна за шест проценти, додека во САД, на пример, федералните затвори бележат 40 проценти повеќе затвореници од предвидениот капацитет на објектот.
Најчитаниот американски весник „Њујорк тајмс“ минатата недела ја нагласи разликата во системот на рехабилитација меѓу САД и Европа каде што повеќето затворски казни се пократки од 12 месеци, додека во Америка тој просек е подолг од три години. Новинарите од овој весник забележале уште една значителна разлика: во Европа за затворениците е предвидена поголема слобода на движење и подобри услови за да може на вистински начин да се вратат во општеството бидејќи не е поентата само некој да се стави зад решетки и да се фрли клучот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.