Капитенот на Ливерпул и на англиската фудбалска репрезентација Стивен Џерард во август доживеал физички напад и закани пред неговата сопруга и децата. Полицијата оваа вест ја објавивала со задоцнување поради информациите дека за време на истрагата е испрашана и една полицајка поради сомневање дека пробала да ги земе снимките од нападот.
Додека Џерард излегувал од неговиот автомобил во близина не неговиот дом, во тој момент на него се нафрлил непознат напаѓач. Откако го удрил и му се заканил, напаѓачот избегал, а фудбалерот останал во шок.
Англискиот фудбалер досега во Англија доживеал серија напади. Во септеври во тренинг кампот на Ливерпул, неидентификуван маж му рекол дека ќе го убие него и неговите деца, додека пак во 2007 година, додека бил на гостување со тимот, маскиран провалник провалил во неговиот дом и ја исплашил неговата сопруга.
Во не така далечната 2001 година тој бил тероризиран од страна на криминалец кој по тренинзите го следел со автомобил до неговата куќа и му се заканувал дека ќе му пука во нога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.