| четврток, 6 декември 2018 |

Џејмс Артур: Славата ме уништи

Џејмс Артур кој се прослави на шоуто „Икс Фактор“ вели дека славата го уништила. Џејмс и се пожалил на неговата сестра дека статусот на ѕвезда психички го уништила, поради тоа секогаш е под стрес, а и успехот го одвоил од реалниот живот.

Неговата сестра Сиан за британскиот магазин „Мирор“ изјави дека и таа самата посакува нејзиниот брат никогаш да не победел на „Икс Фактор“.

Сиан смета дека како последица за неговото лошо расположение се нападите кон него на социјалните мрежи.

– Загрижени сме за него. Дијагнозирана му е депресија. Ми кажа дека славата го уништила – вели Сиан.

Фановите на Џејмс се загрижени за него, поради тоа што е познато дека младиот пејач се обидел да се убие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top