| четврток, 6 декември 2018 |

Овните апстинираат, Лавовите се дивјачко секси расположени

Секси неделен хороскоп за периодот од 30 ноември до 7 декември

Овните апстинираат од секс . Со апстиненција се обидувате да комуницирате со партнерот на нов и поинаков начин. Без оглед на причината за откажувањето на секс , „постот“ нема долго да трае.За брзо време ќе се вратите во рингот.

Биковите се троми и тешко им е да се помрднат. Мислите дека на другите само малку им значите. Ранливоста на вашето его е огромна. Инстинктивно ги „удирате“ сите околу вас од страв дека некој ќе дојде премногу блиску. Ако нешто не се смени, емотивно ќе се смрзнете . За секс може само да сонувате.

Близнаците се некомуникативни и склони кон изолација. Редот, работата и дисциплина се вашите приоритети. Ви недостасува страст. Едно лице роден под знакот на Лав ќе ве врати назад во живот. Тој или таа го има потребното за брзо да се вплеткате во мрежата на меѓусебна страст.

Ракот смета дека патувањето во светот на соништата е поудобна алтернатива, отколку живеењето на секојдневниот живот. Вашето несигурно его е сигурно дека сите му претставуваат закана. Несигурноста ви ја убива волјата, па вашиот сексуален живот во моментов не постои.

Лавовите се впуштаат во остварување на нивните страсни желби. Ви се чини дека сте незапирливи и нескротливи. Осамените припадници на вашиот знак ќе паднат на хиперактивноста на Близнаците или екстравагантноста на Вагите. Зафатените ќе останат зафатени со своето дивјачко секси расположение.

Девиците се скромни и срамежливи. Решивте да го живеет животот со полни гради. За око ви се фатила една авантуристика личност родена под знакот на Јарец. Девицата и Јарецот многу брзо можат да се договорат за сè. И секс може да биде со првокласен квалитет .

Вагите се жедни за убавина и хармонија. Расположени сте за дружба и тоа лесно ви оди од рака. Избегнувате било какви проблеми или разговори околу нив, сè со цел да останете опкружени со пријатна атмосфера. Погрижете се сексот да не биде толку „љубезен“.

Скорпиите живеат брзо. Сите љубовни проблеми кои сте ги имале, на крајот само ве научиле повеќе за љубовта. Наместо на одмазда, понекогаш знаете да побарате и прошка. Неделава тоа во креветот ќе ви донесе повеќе жештина, а помаку ладни ноќи и време за размислување околу грешките.

Стрелците излегоа од психофизичка криза. По долго време  ќе се чувствувате одлично во своја кожа . Ако имате некој во знакот на Риби, дефинитивно нема да се „симнете“ од него.Додека надвор коси зимскиот студ, вас ќе ве гори жежок и разигран секс.

Јарецот тврдоглаво ќе оди до крај за своите цели, а ова се однесува и на љубовта. Ако не сте задоволни со состојбата на работите во вашата врска , може да се одлучите за радикални промени. Се чувствувате безбедно само кога вие ја имате командата. И во креветот сте предоминантни.

Водолијата лебди во просторот и времето. Не сака да се спушти на земјата. Никој друг нема да го реши вашиот љубовен проблем за вас. Ги заледивте односите со партнероти повеќе не спиете во ист кревет. Можеби некој трет се меша во вашата љубовна приказна.

Рибите се вознемирени поради неочекуваното добро љубовно искуство. Сè уште не можете да си поверувате дека конечно и вас ве погоди аморовата стрела и тоа баш поради некој Стрелец. Секс засега нема, но барем сте сигурни дека наскоро ќе го има. Слатко водење љубов како шлаг врз новиот колач.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top