| четврток, 6 декември 2018 |

Поштар од Радовиш украл 98.000 денари од пензии

Полицијата поднесе кривична пријава против 27-годишниот Д.И., поштар од Радовиш кој присвоил 98.925 денари, средства кои требало да ги исплаќа за пензии.

Кривичната пријава пријава е поднесена за сторени кривични дела „проневера во службата“, „посебни случаи на фалсификување на исправи“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Како што соопшти полицијат, во периодот од јули до октомври 2013 година, пријавениот вработен како поштар во АД „Македонска Пошта“ Подружница Струмица-РЕ Радовиш, користејќи ја својата положба, ги присвоил парите кои требало да ги исплаќа на корисници на пензии, со фалсификување на нивниот потпис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top