Тековните активности и проекти на Македонската академија на науките и уметностите и нејзините планови за работа во иднина беа тема на денешната работна средба на премиерот Никола Груевски со членовите на претседателството на
Академијата, на која присуствуваа и министрите за култура и за образование и наука Елизабета Канческа-Милевска и Спиро Ристовски.
Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Груевски истакнал дека Владата во рамките на своите можности ја поддржува работата на МАНУ и дека соработката и инвестирањето во проекти во одредени области придонело за подобрување на условите и развојот на научната дејност.
– Претседателот на МАНУ, академик Владо Камбовски изрази задоволство од досегашната соработка и проактивност на Владата и поддршката која Академијата ја добива, како што е инвестирањето во научни лаборатории и нова опрема, што е клучна претпоставка за научен развој. Премиерот Груевски беше запознат со проектите кои се реализираат, нивното
значење за научната и стручната јавност и нивната конкретна имплементација во практичните сфери и беше информиран за активноста на Академијата во општествената сфера и нејзиното дејствување на полето на актуелните прашања и тематики важни за Република Македонија, како од економската сфера така и од надворешната политика на државата, соопшти прес-службата на Владата на РМ.
Членовите на претседателството на Академијата ги соопштиле и плановите за поблиска соработка на МАНУ со повеќе научни академии од регионот во наредниот период и реализација на заеднички проекти.
– На средбата беше разговарано и за предизвиците со кои се соочува Академијата при што беа разгледувани и начините на нивното надминување, притоа беше посочена потребата за кадровска доекипираност за реализација на проектите од истражувачка дејност. Премиерот Груевски истакна дека Владата ќе го разгледа ова прашање и во рамките на своите
ингеренции и ќе помогне во надминување на предизвикот, соопшти прес-службата на Владата за работната посета на Груевски на покана на МАНУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии