Братот на Кили, Владимир Поп Христов познат како Мио е сослушан од истражен судија и одреден му е притвор од 30 дена, откако вчера беше приведен на граничниот премин Богородица.
Бил изведен пред истражен судија по што му бил одреден притвор од 30 дена – информираат од Кривичниот суд во Скопје.
Основите по кои му е определен притворот се – опасност од бегство и од повторување на делото.
Владимир Поп Христов е осомничен за нелегално производство на канабис во викендичка во Визбегово. Во времето на акцијата, Поп Христов беше во Грција.
Судскиот процес против Кирил Поп Христов-Кили заврши минатиот месец, а актерот беше осуден на една година затвор. Против неговиот брат судската постапка е одвоена.
Во викендичката во Визбегово полицијата пронајде 80-тина саксии засадени со канабис, а Кили тврдеше дека не станува збор за канабис сатива наменет за продажба туку за растението канабис индика од која сакал да прави масло за лекување на канцер за сопствени потреби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.