Полицијата претпладнево изврши рација на Зелено пазарче во центарот на Скопје, од каде ги бркаше дивите продавачи. При интервенцијата на полицијата на едно лице му се слоши и беше пренесено во Градската болница, јави Плусинфо. Него го придружуваше гневна група продавачи, кои протестираа поради акцијата на полицијата.
Полицијата го легитимираше и уредникот на Плусинфо, кој го фотографираше настанот со образложение дека тоа е стандардна процедура.
Стоката се фрла во камион, има засилено присуство на полиција и емотивни сцени.
фотографии на сајтот на Плусинфо
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.