| четврток, 6 декември 2018 |

Натпревар за најдобри домашни вино и ракија

Во рамките на одбележувањето на верскиот празник Свети Трифун и одржувањето на Неделата на виното, Општина Неготино традиционално, и оваа година организира избор на најдобри вино и ракија од индивидуални производители

rakija

Изборот годинава ќе се врши во две категории и тоа за производители од територијата на општината и најдобри вина од интернационални учесници од повеќе земји, кои ќе земат учество во манифестацијата.

Организаторот за производителите на најквалитетните вина и ракии секоја година обезбедува и доделува пригодни награди.

За да се здобијат со право за учество на натпреварот, сите заинтересирани најдоцна до 8 овој месец треба да достават мостри од произведените вина и ракии.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top