Рекламата се емитувала во неколку големи градови вклучувајќи ги Њујорк и Лос Анџелес што предизвикало чудење кај гледачите.
Контроверзната црква подготвила и скратена верзија од рекламата, а одговорните не сакале точно да кажат колку пари биле дадени за рекламирањето во најскапиот термин на медиумскиот простор во САД, иако според цената на една секунда рекламен простор за време на финалниот натпревар од првенството во американски фудбал излегува дека за емитувањето на оваа реклама се платени 8 милиони долари.
– Не сакаме да откриеме за колкав буџет станува збор. Сепак, мило ни е за интересот што рекламата го предизвика, изјавил портпаролот на Сциентолошката црква.
Рекламата предизвика бурни рекции меѓу Американците на социјалните мрежи.
– Ако сциентолошката црква има доволно пари да се рекламира на Супер бол, можеби не треба да биде изземена од плаќање данок, пишува корисник на Твитер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


