| четврток, 6 декември 2018 |

Четворица кумановци уапсени за кражба на нафта

СВР Куманово до Основно јавно обвинителство Куманово заедно со кривична пријава ги спроведе  Х.Ф.(22), А.И.(19), Р.Љ.(20) и Р.Љ.(33) сите од Куманово, поради основано сомнение дека сториле  осум  тешки кражби.
Пријавените  во  текот на минатиот месец сториле седум  тешки кражби од товарни моторни возила кои што биле паркирани на царинскиот терминал на граничниот премин Табановце, потоа  на бензинската пумпа „Дет Оил“ лоцирана на автопатот Куманово ГП Табановце, при што од возилата одзеле околу 1.000 литри нафта и стока која што се превезувала во возилата, додека од бензинска пумпа лоцирана во с.Табановце  одзеле 400 литри адитив.
Пријавените се фатени веднаш по извршување на тешка кражба од товарно моторно возило кое било паркирано на граничниот премин Табановце-патен.
Пријавените Х.Ф. и Р.Љ. се познати сторители на кривичните дла- криумчарење, одземање на моторно возило, тешки кражби и кражби, за што и се осудувани. Од страна на Истражен судија во врска со тоа  на пријавените им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top