Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје е добитник на две престижни награди во областа на менаџментот, што ги доделува светски признатата Асоцијација за Менаџмент и консалтинг „OtherWays“ од Париз, Република Франција.
Доделувањето на наградите се случи во Женева на 18-ти ноември 2013 година во „Grand Hotel Kempinsky“, каде на Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, Проф. Д-р. Аце Миленковски му беа доделени двете награди, кои го потврдуваат квалитетот и престижот на оваа институција во светски рамки, односно „THE MAJESTIC FIVE CONTINENTS AWARD FOR QUALITY AND EXCELLENCE“ и „TOTAL QUALITY MANAGEMENT APTITUDE SEAL FOR HIGH QUALITY PERFORMANCE AND BEST CUSTOMER SATISFACTION“.
За време на гала вечерата, пред дипломатски претставници и присутни медиуми беше одржана свечена церемонијата за доделување на награди и сертификати на веќе одбраните компании од целиот свет. Менаџерите на компаниите добија награди како признание за нивните достигнувања во ширењето на културата и нивната заложба за квалитет и тежнеење кон совршенство.
На оваа церемонијата која носеше наслов „Majestic Five Continents Awards, наградите и сертификатите им беа доделени на околу 50-тина компании од целиот свет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст