
Алијансата за позитивна Македонија, која програмски се определи за целосен развој на добрососедските односи со Бугарија, остро ги осудува барањата на бугарската националистичка партија АТАКА за промена на границите во делот на Струмичко, како услов за бугарска поддршка за влез на Македонија во ЕУ.
„Ваквите барања ги девалвираат напорите кои ги прават прогресивните сили во двете држави за градење на вистинска доверба помеѓу двете држави и двата народа што е во духот на европските принципи и вредности“, велат од Алијансата за позитивна Македонија (АПМ).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


