| четврток, 6 декември 2018 |

Во Кина уапсени 54 шверцери на луксузни автомобили

Педесет и четири членови на шест банди за шверцување луксузни автомобили се уапсени во Кина, каде што илегално увезле возила во вредност од речиси една милијарда јуани (164 милиони долари), соопштија денеска кинеските царински власти.

Царината во провинцијата Гуангдонг, Јунан, Лијаонинг и автономниот регион Гуангси Џуанг, заплениле повеќе од 80 луксузни автомобили, меѓу кои и „ролс ројс“, „мерцедес“ и „БМВ“.

Истрагата покажала дека бандите прошверцувале повеќе од 3.000 возила од странство во последните три години. Кинеската царина разби 30 шверцерски мрежи и заплени повеќе од 2.800 автомобили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top