| четврток, 6 декември 2018 |

Тамара бесна на новинарски напис

„Додека  мегапопуларниот Владо Георгиев возеше цели 10 часа по најголемиот снег од Белград за Скопје за навреме да стигне да ја прими наградата за популарност и за албум на годината, наша Тамара ја мрзеше да стане од кревет!?“ вака новиот портал за музика ја напаѓа пејачката, која не успеа да се појави на последното издание на македонскиот радиски фестивал МАРС 2013.

Дополнително, во текстот напишан од Антонио Димитриевски, уредник на новиот портал наречен „Вистина.мк“, , пишува: „Пејачката не дојде во Штип да си ја земе наградата за најслушана песна меѓу двете фестивалски изданија, не се појави на доделувањето на наградите на најгледаниот ТВ-магазин ’Бекстејџ‘ за да ја прими наградата за најпопуларна пејачка во 2013 година, и ова со МАРС ја прелеа чашата“.

Ова ја налути Тамара, која последните неколку дена беше болна в кревет.

„Кој си ти прво, не си ни потпишан, а второ од кај ти право да судиш и зошто мислиш дека можеш јавно да ме напаѓаш вака? Тебе ли ќе ти се правдам зошто и каде не сум отишла? Ти ќе ми зборуваш за морал и за етика. Прво требаше да се потрудиш да ме добиеш на телефон, па да ме прашаш дали сум добра и зошто не сум се појавила. Да даде господ исто како што јас се чувствував деновиве, да ти биде цела година, да не можеш една буква на тастатура да штракнеш и да не пишуваш толку глупости, ќе нè спасиш сите. Поздрав до анонимниов фраер. Многу сакам в очи да си поправиме муабет, зашто за ова ќе ти треба големо објаснување“, напиша Тамара на својот профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top