| четврток, 6 декември 2018 |

Три млади лица загинаа во сообраќајка во Кичево

soobrakajna

Три лица загинаа, а две се тешко повредени во сообраќајна несреќа што утринава во 4.30 часот се случила на улицата „Ужичка Република“ во Кичево.

Несреќата се случила кога автомобилот „голф“ со кичевски регистерски таблички загубил контрола и удрил во куќа. Во автомобилот се наоѓале пет лица, од кои три починале на самото место.

Двајцата тешкоповредени се пренесени во медицинскиот центар во Кичево, а едно од лицата потоа е префрлено во охридската болница „Св. Еразмо“.

Сè уште не е познат нивниот идентитет, но, според неофицијалните информации, станува збор за помлади лица.

Полицијата извршува увид на местото на несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top