Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден извршила увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди, од кои шест се со материјална штета, три се со последици телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле три лица, еден возач на патничко моторно возило, еден мотоциклист и еден пешак.
– Според нашата евиденција, случени се и пет незгоди со мала материјална штета во кои е пополнет европскиот извештај – рече за МИА Драган Вељановски, инспектор во Одделението за превенција во сообраќајот при СВР.
Во текот на изминатите два дена од страна на сообраќајната полиција се откриени поголем број прекршоци. Четворица возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол, петмина возачи не отстапиле првенствено минување на пешаците на обележан пешачки премин, седуммина возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење и 12 возачи кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците.
Со помош на специјалното возило „пајак“ се отстранети 72 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.