| четврток, 6 декември 2018 |

Оланд: Европа се сомнева во себе

Тоа што нас не загрозува не е недовербата на пазарите, туку таа на народите, заклучи Оланд во Европскиот парламент, укажа францускиот претседател во Европскиот Парламент

h_50695828Европа троши многу време за носење на значајни одлуки; Европа се сомнева во себе си, за своите избори, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд пред Европскиот парламент во Стразбур, пренесува МИА.

Оланд пред европратениците се заложи за почеток на реформа на економската и монетарната политика во ЕУ. Зборувајќи за европскиот буџет, Франсоа Оланд ги утврди француските линии во преговорите кои се водат во ЕУ.

– Да се прават заштеди да, да се ослабe економијата не. Компромис за европскиот буџет е можен, но ќе биде потребно да се вразумат европските земји кои сакаат да отидат подалеку од она што е разумно во штедењето, повика Оланд.

Ова е прв вистински европски говор на Оланд, откако стана претседател на Франција. При тоа предупреди на растот на евроскептицизмот.

– Националниот интерес го надминува европскиот интерес. Ако е вистина дека кризата во еврозоната е широко зад нас, ние се уште не ги имаме извлечено сите поуки и последици. Тоа што нас не загрозува не е недовербата на пазарите, туку таа на народите, заклучи Оланд во Европскиот парламент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top