| четврток, 6 декември 2018 |

Јавна дебата за корупцијата во општините

antikorupciska

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска на јавна дебата ќе ги презентираат резултатите од истражувањето за перцепцијата на граѓаните за корупцијата во локалната самоуправа и резултатите од квалитативната анализа на антикорупциските мерки во секторот локална самоуправа од Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и судирот на интереси 2011-2015.

Локалната самоуправа, владините институции, граѓанските организации и медиумите ќе можат да ги споделат своите размислувања за ова истражување, како и заклучоците и препораките од квалитативната анализа за антикорупциските мерки во локалната самоуправа.

Свое обраќање на дебатата ќе имаат претседателот на Комисијата, Ѓорги Сламков, и шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Ралф Брет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top