| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорѓевиќ е нов селектор на Србија

gorgevic

Поранешниот кошаркарски репрезентативец на Србија, Александар Саша Ѓорѓевиќ, прифати да биде нов селектор на кошаркарската репрезентација на Србија. Медиумите од Србија пренесуваат дека Саша Ѓорѓевиќ, по разговорот со потпреседателот на Кошаркарската федерација на Србија, Дејан Бодирога, прифатил да биде селектор на А-репрезентацијата. Останува уште да се прецизираат финанските детали, но, како што наведуваат медиумите, тоа прашање нема да претставува проблем.
Ѓорѓевиќ ќе го замени прославениот тренер Дуда Ивковиќ, кој го освои седмото место на ЕП во Словенија. Ивковиќ го предложил за негов заменик досегашниот помошник-тренер Александар Кесер, а меѓу кандидатите за селекторското место се споменуваше и тренерот на Алба Берлин, Саша Обрадовиќ.
Ѓорѓевиќ во кариерата играше за Партизан, Армани, Фортитудо, Портланд, Барселона, Реал Мадрид и Скаволини.
Со репрезентацијата има освоено три злати медали и еден бронзен на Европско првенство, златен на Светско превенство и сребрен на Олимписки игри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top