Полицијата во Москва синоќа уапси група членови на екстремистичката организација Ал Такфир вал Хиџра, од кои е запленета голема количина оружје и експлозив.
Членовите на радикалната верска екстремистичка организација се уапсени за време на операција во округот Москва. Пронајдени се и одземени експлозивни направи со детонатори, пиштоли и бомби, како и муниција и екстремистичка литература, наведе руското Министерство за внатрешни работи.
Според Министерството за внатрешни, за финансирање на организацијата се употребени пари од криминални активности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


