-Федералната служба за миграција секој ден спречува околу 3.000 странци да влезат во државата- изјави Дмитриј Демиденко, претставник на ФМС, пренесува Руска реч.
Неодамна стапи во сила закон, според кој влезот во Русија им се забранува на граѓаните кои го надминале законскиот рок на престој во Русија.
Странците можат да се наоѓаат во Русија до 90 дена, а ако во следните 30 дена тие не заминат, тогаш влезот во Русија им се забранува во рок од три години.
-Секој ден по 3.000 странци се одбивани поради ова. Од почетокот на годината дури 285.000 странци го изгубија правото да влезат во Русија во рок од три години- изјави Демиденко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


