| четврток, 6 декември 2018 |

Жирес нов селектор на Сенегал

Легендарниот француски фудбалер Алан Жирес е нов селектор на Сенегал, а главната мисија за него е да ги одведе популарните „Теранга лавови“  на светското првенство во Бразил за 2 години. Жирес има искуство со селекторувањето на африканскиот континент. Минатата година со Мали ја освои бронзата на африканскиот куп на нациите, но годинава нема да има можност да го повтори подвигот со Сенегал, бидејќи „лавовите“ не се изборија за настап на шампионатот. Жирес беше кандидат и за селектор на македонската фудбалска репрезентација. До договор меѓу него и актуелниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски не дојде, па Чедомир Јаневски ја доби довербата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top