Пејачката Бритни Спирс, конечно, го најде својот принц, таа откри дека е вљубена во новото момче Давид Лукадо со кое е во врска девет месеци.
– Вљубена сум, ми се допаѓа тоа што Давид е многу тврдоглав. Тој е обичен човек и јас го обожувам. Забавен е. Сè што работи го право со страст и тоа е заразно – рече Бритни.
Призна дека го запознала Давид преку нејзин пријател и дека татко ѝ го проверил дали е тој вистинскиот за неа.
– Мојот татко е малку луд кога се во прашање тие работи. Би сакала да имам уште деца, може близнаци, да се смирам и да се омажам. Тоа би било убаво – вели Бритни.
Двојката првпат е видена на Денот на вљубените, еден месец подоцна откако пејачката ја прекина врската со свршеникот Џејсон Тревик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.