Американската пејачка Сијара се фотографираше за новиот број на магазинот „ГК“ во многу провокативно издание.
Во согласност со нејзиниот нов хит „Body Party“, славната пејачка позираше за новото издание во провокативни пози. Сепак, фановите не можеле да не забележат дека таа на една фотографија ја ископирала Бијонсе, која била на февруарскиот број од истиот магазин.
Сијара и раперот Футуре неодамна се свршиле, а пејачката во интервју за магазинот говорела што најмногу цени кај нејзиниот свршеник.
– Сакам мажи кои не анализираат премногу, едноставно ги оставаат работите да течат. Не одговара ни кога премногу ќе се отпуштите, помислете некогаш со главата, но немојте да анализирате премногу. Истакнете ја својата енергија и стил, а оставете на мене да го видам тоа сама – рече Сијара.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.