Кога 17-годишниот Џек Глисон се појави на аудиција за улога во „Игра на тронововите“, не ни очекуваше дека ќе наиде на толкава омраза од светот.
Глисон толку добро го игра ликот на Кралот Џофри, што луѓето го поистоветуваат со него. Младиот актер неколку пати се обиде со смешни видеа да го покаже својот вистински карактер, но за публиката тој секогаш ќе биде разгалениот лигав психопат и продукт на инцест.
Не задоволен од вниманието кое му го донесе оваа светски популарна серија, Глисон реши да се фокусира на хуманитарната работа.
Неодамна тој го посети Хаити, како прв чекор кон мисијата за подобрување на животот на понесреќните од него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.