Тренерот на Баерн Минхен, Пеп Гвардиола бил многу лут поради протекувањето на тактиката и списокот со играчи од стартниот состав во дербито против Борусија Дортмунд кое го добија со 3-0.
– Не ми е грижа кој е „кртот“ меѓу фудбалерите. Кога ќе го откријам ќе биде исфрлен од тимот и веќе никогаш нема да игра за мене, порачал шпанскиот стратег и ги повикал новинарите на германскиот весник Билд каде што беа објавени информациите:
Ако ве интересира мојата тактика нема потреба да контактирате со моите играчи. Имате мој број, побарајте ме!
Извршниот претседател на клубот, Карл Хајнц Румениге исто така имаше порака за „кртот“:
– Престани, или ќе имаш големи проблеми!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.