Несреќната судбина на ова младо момче го стресе Балканот. 18-годишниот Душан Тодоровиќ во саботата бил на натпревар, бил весел, се радувал,навивл, скокал и одеднаш само паднал. Другарите се обиделе да го освестат, лекарите го реанимирале околу еден час, но инфарктот бил кобен.
– Прво сопругот ми почина пред некоја година. Беше тешко болен, а децата многу ми патеа гледајќи го измачувањето на нивниот татко. Едвај се опоравивме од тоа, а сега ни отиде и Дуле. Во саботата отиде на утакмица жив и здрав, а сега ми го враќаат во ковчег. Боже што се случува. Срцето ќе ми пукне од болка, но морам да го продолжам животот поради браќата на Дуле, Стефан и Никола – oва вчера за српски „Курир“ го раскажа Веселинка Тодоровиќ, мајка на Душан, кој во саботата после пладне почина во Иваница на местото што најмногу го сакал – трибините на стадионот.
Младиот навивач на ФК „Раднички 1923“ од Крагуевац во 54 минута на натпреварот скокнал од радост после изедначувачкиот гол на „Раднички“ во мечот со Јавор, а потоа одеднаш паднал. Другарите се обиделе да го освестат, лекарите го реанимирале околу еден час, но инфарктот бил кобен.
Бил кикс-боксер, правилно се хранел, не пиел алкохол, никогаш не боледувал. И во саботата отишол со другарите на натпревар сосема нормално, не се жалел на никакви здравствени проблеми.
-Ми кажуваат дека бил весел, скокал , се радувал и одеднаш само паднал. Е, мое дете што не снајде , што ќе правиме без тебе, голтајќи ги солазте раскажува мајката Веселинка.
Миленко Маријановиќ, претседател на ФК„Раднички 1923“ , изјави дека наскоро ќе бидат познати резултатите од обдукцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.