| четврток, 6 декември 2018 |

Вини Џонс: Го играм најтешкиот натпревар

Глумецот Вини Џонс и неговата сопруга се борат против најтешката болест, рак на кожата.

– Ќе се борам со сите сили – порача поранешниот фудбалер и глумец.

Вини Џонс во интервју за магазинот „Сан“, откри дека на него и на неговата сопруга им е дијагностициран рак на кожата, оваа година. До сега имале неколку операции, а поранешниот фудбалер на Вимблдон, Челси и Лидс Јунајтед вели дека „го игра најтешкиот натпревар до сега“, но дека на крајот тој и неговата сопруга ќе победат.

– Во февруари оваа година забележав израсток под окото, а докторот ми рече дека тоа е меланом. Прво што помислив е – уште колку ми остана – рече Вини.

– Ужасно е да го слушнете зборот „канцер“. Сум се соочил со крупни и опасни момци на терените, влегував и во неволји, но ова е мојот најтежок противник. Направена ми е една операција, а по таа уште две – додаде Вини.

Лекарите сметаат дека здравствената состојба на глумецот е последица на повеќегодишното конзумирање на наркотици, а пак за неговата сопруга велат дека ракот го добила како реакција на лековите кои ги земала од 26. година, кои и биле терапија по трансплантацијата на срце.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top